„Црвен картон“ и скратени пари од Брисел за дел од реформите спроведени до декември
Министерството за енергетика ќе остане во минус за уште 2,1 милион евра, од парите што требаше да ги добие за спроведувањето на реформската агенда од Планот за раст на ЕУ.
При евалуацијата на проектите спроведени до декември 2024, година енергетика добила негативна оценка од Брисел, со што државата нема да може да ја добие наградата од 2,1 милион евра, дознава Телма.
Дополнително, како што објавивме, Министерството за енергетика не успеа да ги спроведе и реформските обврски до крајот на јуни, со што најмалку за една година државната каса за реформски проекти поддржани од ЕУ, ќе остане празна за уште 10 милиони евра.
За реформските обврски до декември лани, Македонија требаше да добие 17 милиони евра, а за оние чиј рок беше јуни годинава – 70 милиони.
Но три министерства со непочитување на јунските роковите, засега ја оставија реформската каса празна за околу 40 милиони евра