ЦУК: Силен пожар во струмичко Ново село, зафатени три куќи, во близина има и бензинска

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи, соопшти ЦУК.

„Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато.

Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство а армискиот во секој момент ќе биде таму.

Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица“, велат од Центарот за управување со кризи.

Back to top button
Close