Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, доктор Александар Стојанов препорачува сите луѓе што од Македонија отпатувале на свадбата на внуката на Амди Бајрам во Истанбул пред една недела, да бидат изолирани дома, додека екипите од ЦЈЗ Скопје да постигнат да ги анкетираат и да ги најдат оние што се во висок ризик да бидат заразени со Ковид 19.

 

 

-Моментално работиме и денеска треба да ги дознаеме сите контакти на Бајрам. Се обидуваме да стапиме во контакт со фамилијата и засега оди добро. Сите групирања се забранети, погребот по протокол би требало да се спроведе без церемонии и со најмногу 10 луѓе, не да се прават циркузи. Добро е сите да одат во изолација од свадбата, особено оние што се гушкале, биле во близок контакт, изјави Стојанов за Слободен печат.

Семејството на Фејсбук повика масовна поворка да присуствува на испраќањето на политичарот до вечното почивалиште во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел. Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.

Поворката ќе тргне во 14 часот од семејната куќа во Бутел.

Синот на Амди Бајрам, Габриел во изјава за Фокус посочил дека татко му починал од мозочен удар а не од коронавирус, дека пред семејната куќа ноќеска имало многу луѓе но на дистанца и со маски и дека нема простор за обвинување дека мерките не се почитуваат, бидејќи и тие не сакаат да го доведуваат јавното здравје во опасност.

Back to top button
Close