Д-р Лазаров со иницијатива: Се откажуваме од 30 денари по вакциниран пациент, средствата да се пренаменат за болни сограѓани

Доктор Ненад Лазаров на својот фејсбук профил, ги покани колегите да се приклучат кон иницијатовата под мотото „Не ни треба стимулација, туку вреднување на трудот“ и вели дека се откажуваат од 30 денари по вакциниран пациент, но бараат тие средства да бидат донирани за лекување на сограѓани.

 

 

 

-Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака. Првото нешто што ќе ми го каже е ,,јас да се вакцинирам, а ти да кркаш 30 денари по пациент”. Не понижуваат, ни велат да потпишеме дека нема да им се случи нешто од вакцината. Како да му сугерирам некому да се вакцинира, навистина не ми е јасно. Како „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари. Не знам како би убедил некого да се вакцинира, од тие што се разубедени дека не сакаат, освен со рестрикции и ограничен пристап до јавни сервиси. Не сакаат најчесто од небулозни причини, а после кога ќе дојдат болни да ги лекувам, се каат, порача претходно доктор Лазаров.

Според него не е во ред здравствените власти на матичните лекари да им ја префрлаат топката за неуспешно спроведената вакцинална кампања.

Back to top button
Close