Д-р Маја Аргирова: На сите повредени им се направени оперативни зафати. Пациенти се во добра здравствена состојба    

Проф. д-р Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во Бугарија денеска на прес конференција посочи дека сите повредени пациенти се во добра здравствена состојба.

„Сите пациенти се во стабилна состојба, на сите им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска“, истакна таа.

Според Аргирова, едното лице кое треба да биде оперирано е со изгореници на рацете, додека пак на друга девојка треба да и биде извршена операција на десното колено.

Таа вели дека на истата девојка и е направена вчера операција на левото колено

Аргирова додава дека 6 пациенти се сместени на Клиниката за хирургија, додека едно лице е на Клиниката за трауматологија.

Back to top button
Close