Да ја оставиме Захариева да си лае – карванот да го свртиме кон Брисел и Вашингтон
Во својот животен и професионален пат, во овие седумдесетикусур години, сум минал низ “сито и решето”. Од немило – до недраго! Не дека немало и добри моменти.
Но, поуките од постарите, секогаш ме воделе по вистинскиот пат. Прво: не се препирај со глупаци! И второ: не се дообјаснувај за работи кои са далеку од секаква елементарна логика!
Ев е зошто? Ако кликнете на Google, покрај одредницата Корона, ќе видете дека најупотребувана, веднаш, после неа е – Екатерина Захариева! А, тоа е веќе голема работа што сме ја завршиле зa “мисицата од Пазарџик!” (Сашо Тасевски).
Невестата, “со секој нов ден, се повеќе и повеќе напредува!”(Сеќаш ли се Доли Бел!? “) во кинењето зелени, а ние, уште недоречени, доброволно, ги преџвакуваме. А, таа, со сета нејзина глупост и непознавање на работите, си ја врши работата.
Ќе речете како? Како што самата вели:многу едноставно. Имено, таа е задолжена да тресе глупости, да не тепа, да не провоцира, ние на тоа да наседнуваме и – оп, и даваме можност да поентира.: гледајте овие каков говор на омраза шират!!!???
Ете, тоа е тоа. Зошто ние, денес, најдолго и нашироко, треба да објаснуваме оти нашиот јазик е наш, македонски, а не бугатрски дијалект. Одговорот е многу едноставен: Македонецот можете во се да го преобратите. Ако веќе мора да бира, тој ќе одбере се друго од 160 или 200 можности (нации), ама Бугарин – никогаш! Тоа е тоа. Повеќе не треба.
Ние денес да го праќаме Софија оној недораснат човек – даскал! Тоа е, да чекаме од некој, кој има толку ТЕЖОК криминален багаж на грбот, и толку путер истурен врза главата, да ни биде ОЛЕСНУВАЧ! Тоа е далеку од акалот!Што може тој?Ништо повеќе од тоа, на Катето, да му ја намести топката на пеналтикот, за да ни го забие до коска!
Ние, денеска, да се расправем со Захариева, дали Тито бил диктатор, или светски лидер, е далеку од умот. Захариева подобро од нас знае дека Тито, во однос на нејзиниот “демократ” – Тошката, беше мислена именка – и во однос на демократија, и во однос на цивилизациски вредности и во однос на местото на Тито, помегу светските великани. Таму каде Тито беше приман, или примаше, Тошката можеше само да сонува.

Кога почина Тито, во Белград, немаше место за сите авиони, па беа препаркирани низ цела Југославија: 4 крунисани глави – кралици и кралеви, 6 принцези, 22 претседатели на држави, 22 премиери, педесетина министри за надворешни работи…Ех мори Кате, јадна Кате!
Зарем Захариева не знае дека основното начело на бугарската политика одсекогаш била: “вечната дружба!”(„Съединението прави силата“!).

Најнапред со Хитлер и Мусолини, а потоа со хазјанинот – Ј.В.Сталин. Бугарија беше најсталинистичката земја во источниот лагер. Живков беше најверниот слуга на Москва!Хазјанинот само да се намуртеше, ние ја запоседнувавме “Мажино линијата” кај Страцин, одспротива на бугарската војска!
Затоа, да си ветиме, еве јас ветувам, дека тоа име и презиме (Екатерина Захариева) повеќе нема да го славам, повеќе нама да го споменувам, повеќе нема да придонесувам кон тоа – на google само првата буква “З” да ве носи кон оваа креатура од политичар. Таа, самата прифатила да е креатура, прифатила да е живковистиочка измеќарка, прифатила да не намамува и провоцира, за после да не тепа.
Да не и го овозможуваме тоа. Да ја оставиме Захариева да си лае, а, ние, нашиот карван, да го пренасочиме да врви кон Брисел и Вашингтон. Ние преку Софија таму не стигнуваме. Софијаните, мислам на номенклатурата, го начекаа моментот, врз наз да го истурат сите свои вековни фрустрации. Врз нас да си ги лечат сите свои неизлечени болести и рани!
Тие се сега качени врз нашите плеќи. Да ги симнеме. Да ги оставиме на ветрометина. Сите сали и целото време што ни стојат на располагање, да го насочиме кон запад, а не кон исток. Кон стара Европа, каде сме биле Европа уште пред самата Европа, а не кон азијатска “Европа”.
Во оној момент, кога Бугарчето ќе види од каде дува ветрот, во истиот миг таму ќе го сврти ветроказот. Ама, воопшто не се сомневајте во тоа. Тоа им е во крвта, во генот. И минатиот пат напишав: не трошете време за Софија. Наше е да видиме колку во Брисел се сите искрени кон нас докрај. Во моментот кога искреноста и наклонетоста ќе ја добиеме докрај – работата ќе биде завршена сама од себе. Ама, првин, да видиме и да слушнеме со свои очи и уши, а не, наивно и на невидено: “ТРГНА РАБОТАТА!“. Наредниот ден – пу,пу, не важи!Пак – Јово на ново!
И, на крајот, да не останам должен, нешто за домашната сцена, по истиот повод и за исти цели.
По родување (син на учесник во НОВ и револуцијата) и политичко убедување, сум некаков центрист на, условно да ја наречеме, левицата, но, во секој случај, и припаѓам на социјалдемократијата. Начелото на Гиденс, за “еднакви можности за сите”, е и мое начело. Сите пријатели во реалниот живот, а сега и ВИРТУЕЛНИОТ, ми се од тој ков. Ама, сепак, не си дозволувам себе си и не можам да ги разберам пријателите – како можат, во еден глас, да кажуваат дека ЛИДЕРОТ им пее однапред, кога е очигледно, “гласот!” доага одназад! Еве, како тоа практично изгледа:
На времето, Големиот водач, другарот Мао, за да и покаже на нацијата колку е силен и здрав, се впуштил во авантуира да ја преплива реката Јанг Це. И сите верувале дека ја препливал.Оној пак, телохранителот на Водачот, што бил прв зад лидерот, дал изјава: јас пливав на 20 метри за Водачот, водата беше совршено слатка!!!
Е не е слатка, да извинете. Ако, пратениците подржувачи на владата, секој ден, ја молат десницата, односно опозицијата, да се “ВРАЗУМИ” и да им направи кворум, за, колку – толку, да си ја оправдаат мрсната платичка пред народецот,тогаш, треба да соберат сили и отворено да му кажат на својот лидер: аман, бате, не не брани толку, не го нарекувај, не го навредувај (“ЗАБЕГАН!”) оној, што ние, треба да го молиме.
Зошто? За да не биде “слатка водата!” и 20 метри, поназад од пливачот!
Веле Митаноски






