ДАЈ ДРУГА ТАБЛА
Не сфаќам. Зошто е голем скандал тоа што некоја пратеничка од опозицијата на собраниска говорница му рекла на вицепремиер дека е лигав? Па уште и тоа е главна вест од седница на која се поставуваат пратенички прашања. Па, за драмата да биде уште поинтересна, и седницата беше прекината. Леле, леле, чудесиии…
Ова Собрание пред само дестина дена искриумчари закон со кој се намалуваат казните и се крати рокот на застареност на кривичните дела за корупција на функционерите. Оваа Влада на најподмолен и најшверцерски начин ги поднесе во Собранието измените на Кривичниот законик со кој практично се легализира неказнивоста за корупција на поранешните, сегашните и идните функционери. Овие пратеници ги изгласаа промените на законот за само три дена, и тоа пред продолжен празничен викенд – власта гласаше „за“, опозицијата гласаше „против“, ама не се ни обиде да го блокира изгласувањето на законот, ниту пак да го одложи.
И сега – одеднаш зборот „лигав“ бил срамен кога пратеник ќе го изговори на собраниска говорница. Море ниту еден збор, па дури ниту пцост изговорена од пратениците повеќе не е навредлива. Затоа што нивниот збор едноставно не вреди ништо. Ако сакаат може утре и голи да се соблечат на говорница, нека мавтаат и со гаќи додека зборуваат за ЕУ, за народот и за борба против корупција. Тоа нема да биде ништо во однос на законот со кој си ја легализираа сопствената неказнивост, дури и ако ги фатат во крадење. Не можеа да направат нешто понавредливо за нас што ги гласаме.
Или, можеби можат?
Целата колумна на Горан Михјловски н СДК.МК