Го „бркаат“ од Барселона, но Рафиња не мисли да си замине

Конечно Бразилецот во редовите на Барселона, Рафиња реши да проговори за постојаните шпекулации дека го напушта клубот. Притоа тој истакна еден новинар постојано пишува дека заминува од клубот.
Рафиња истакна дека е среќен и задоволен во клубот и дека сака да остане што е можно подолго. Но, секој летен преоден рок „го селат“ од клубот. Конечно фудбалерот престана со молкот.
– Од доаѓањето во Барселона постојано има шпекулации дека заминувам. Мислам дека тука има луѓе кои не ме сакаат. Пред сè новинар, кој постојано пишува лаги за мене, изјави бразилскиот репрезентативец.
Рафиња претходно не реагираше и беше смирен, а неговата сопруга Таја Белоли често демантираше заминување на нејзиниот сопруг од Барселона.
Бразилецот во Барселона дојде од премиерлигашот Лидс летото 2022 година за 60 милиони евра и се покажа како одлично засилување. Стана еден од клучните играчи во тимот и на 175 натпревари постигна 73 голови со 59 асистенции






