Дадилката на Коста К. – клучен сведок во истрагата за масакрот во училиштето

Во текот на истрагата за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ каде на 3 мај К.К.(13), уби 9 ученици и чувар, а потоа рани уште шестмина, меѓу кои и наставничка покрај таткото В.К.(47). и мајката М.К.(46), во Вишото јавно обвинителство ќе биде сослушан и клучниот сведок – дадилката.

„За време на распитот во полиција, мајката меѓу другото изјавила дека дадилката поминувала многу време со К.К.,и се грижела за него. Истрагата смета дека преку нејзиниот распит ќе бидат осветлени многу дополнителни детали од животот на момчето. За истражни органи, најважно е дадилката да открие каков навистина бил односот на мајката и таткото со момчето и обратно.

-Таа жена го чувала К.К. и неговата помала сестра. Затоа за истрагата р битен нејзиниот исказ во насока на утврдување каква била врската во куќата и дали однесувањето на момчето укажувало дека може да направи кривично дело“, изјавил за Телеграф соговорник од истрагата.

Back to top button
Close