Даштевски: Излезноста е 5,25% – сите избирачки места се отворени

Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на прес-конференција рече дека засега не се забележани неправилности во гласањето.

Излезноста до 9 часот е 5,25 отсто од гласачите.

-Во Ранковце процентот на излезност е 15,23, во Конче е 14,28, во Пехчево 13,73, Лозово 11,89, Зелениково 11,74, Кратово 11,02, Пробиштип 10,94, Демир Хисар 10,88, Вевчани 10,51, Ресен 9,18, и другите се под 9 отсто. Тече гласањето и се надевам дека на прес-конференцијата во 11:30 часот веќе ќе имаме поголем процент, рече Даштевски.

Вели отворени се сите избирачки места.

-На почетокот имаше неколку места во Скопје и неколку места надвор од Скопје кои не беа отворени. Значи, во неколку општини по неколку избирачки места и тие се отворени сега. Доколку дојде до некои други проблеми, ќе ве известам, рече Даштевски, додавајќи дека три или четири места не биле отворени повеќе од еден час

Back to top button
Close