Давкова го помилуваше екс градоначалникот на Битола Талевски!

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески, дознава ТВ21. Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година.

Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

ЧИТАЈ И ОВА

Една таблета пред спиење ќе ви помогне да изгубите до 15 килограми за 2 недели!
report
Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

Талевски по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016-та година, претседателот Иванов колективно потпиша аболиција на 56 лица, главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола.

Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор.

Back to top button
Close