Дел од Центар денес ќе остане без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, на 30 мај 2026 година (сабота) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Центар.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предвиден во периодот од 8:30 до 15:30 часот и ќе ги опфати корисниците на булеварот „Мајка Тереза“, на потегот од пекарата „Свети Никола“ до ООУ „Кочо Рацин“.

Од ЕВН апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на прекинот, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close