Демерџиев: Приведени 120 лица осомничени за купување гласови на изборите во Бугарија
Денеска беа приведени 120 лица за купување гласови во текот на деншниот изборен ден“, изјави за БТВ техничкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев.
Според него сигналите за купување гласови се различни.
„Во Русе има сигнал за купување гласови од ГЕРБ-СДС, во Бургас за ПП-ДБ, во Карџали за ДПС. Засега не можеме да коментираме“, додаде министерот.
Според Демерџиев, има случаи во кои обвинителството не реагира на начин што го очекуваат.
Следиме како реагира, досега повеќето акции и реакции се адекватни“, рече тој.
Според бугарскиот министер, Министерството за внатрешни работи ја исполнило својата основна задача. „Успеавме уште еднаш да им дадеме мир и безбедност на бугарските гласачи. Го исполнивме тоа што се очекуваше од нас“, рече Демерџиев.