Демонстрантите во САД бараат реформи во судството и полицијата

– Во Минеаполис денеска се одржа првата од трите помен служби во чест на Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт испровоцира масовни протеси низ целата земја, со барања за судски и системски реформи.

Поменот за роднините и пријателите на загинатиот ќе го води поранешниот активист за човекови права, пасторот Ал Шарптон.

„Ги помниме долгиот список на оние кои се непростливо убиени од безбедносните органи поради двојните стандарди, фанатизам и расизам“, напиша Шарптон на социјалните мрежи пред да започне поменот.

Додаде дека се преземаат мерки за да се дојде до правосудието и правдата.

Јавен помен за в сабота е закажан и во Северна Каролина, во местото каде Флојд е роден, додека за в понеделеник е закажана масовна церемонија во Хјустон, каде тој поминал голем дел од својот живот.

Во меѓувреме, демонстрантите низ земјата го поздравија решението на обвинителството на Минесота да обвини уште тројца полициски службеници кои учествуваа во апсењето на Флојд.

Протестите во многу градови на САД вчера поминаа главно во мирна атмосфера.

Во Вашингтон имаше марш на демонстрантите по Пенсилванија авенијата, синоќа околу две илјади луѓе пееја песни пред Белата куќа.

Градоначалникот Мјуриел Баузер го олабави полицискиот час во градот и денеска започнува од 23 часот навечер, а не од 19 часот. Во некои градови како Сиетл, полицискиот час е укинат. А Сан Франциско и Лос Анџелес планираат да го укинат денеска.

Кит Елисон, јавен обвинител на Минесота, синоќа укажа дека полицаецот кој го приклешти коленото врз вратот на Флојд е обвинет за убиство во олеснителни околности, додека на останатите полицајци кои учествуваа во задржувањето, се обвинети за асистирање во убиство.

Од друга страна, конгресмените Џастин Амаш и Ајана Присли, синоќа објавија дека се подготвува нацрт-закон за укинување на условниот имунитет на полициските службеници, со што на жртвите на нарушени човекови права ќе им биде поедноставно да ги тужат службениците во граѓански парници. кб/ссм/

Back to top button
Close