Денеска гласале 9330 лица, заeдно со вчера бројката надминува 10 илјади

Вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас денеска на вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори. Од вкупно 357 пријавени, гласале и 234 лица кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа. Во казнено поправни установи своето избирачко право го искористиле 1.235 лица, соопшти портпаролот на ДИК Адмир Шабани на вечерашната прес-конференција.

„Според податоците на ДИК, вкупно гласале 7.861 лице како болни и немоќни. Овие податоци ќе се докомплетираат кога одредени општински изборни комисии ќе ги достават своите податоци од гласањето на оваа категорија граѓани, и во текот на утрешниот ден ќе ги објавиме сто отсто од податоците. Од вкупниот пријавените 357 лица во домовите за вонсемејна грижа, пак, правото на глас го оствариле 234 односно 80,62 отсто. Од гласачите кои се наоѓаат на издржување казна затвор во казнено поправни установи досега има добиено податоци за гласање на 1.235 лица. Треба да се достават податоци уште за КПУ Прилеп за да се комплентира во целост бројката за оваа категорија на лица. Од досега добиените податоци, излезеноста е 74,53 проценти -извести Шабани.
Денеска своето право на глас можеа да остварат 8.855 болни и немоќни лица, 357 граѓани во 17 старски домови и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација.

Back to top button
Close