Денеска се регистрирани 123 нови случаи на ковид 19 – починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4466, активни 1938 • Куманово 945, активни 257 • Дебар 179, активни 114 • Штип 677, активни 349 • Прилеп 314, активни 51 • Тетово 967, активни 287 • Струга 396, активни 189 • Велес 209, активни 27 • Битола 98, активни 46 • Охрид 255, активни 104 • Кавадарци 32, активни 18 • Гостивар 337, активни 217 • Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци) • Струмица 31, активни 21 • Крива Паланка 22, активни 8 • Радовиш 27, активни 22 • Крушево 15, активни 10 • Кочани 90, активни 20 • Пробиштип 46, активни 27 • Демир Хисар 20, активни 18 • Македонски Брод 10, активни 6 • Пехчево 6, активни 0 • Берово 4, активни 1 • Валандово 6, активни 0 • Виница 4, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 12, активни 7 • Свети Николе 207, активни 192 • Кичево 109, активни 85 • Ресен 142, активни 53 • Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13.

Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 280 • Аеродром – 204 • Бутел – 141 • Гази Баба – 206 • Центар – 165 • Карпош – 171 • Сарај – 114 • Кисела Вода – 169 • Ѓорче Петров – 125 • Студеничани – 107 • Шуто Оризари – 108 • Арачиново – 34 • Илинден – 25 • Петровец – 23 • Чучер Сандево – 11 • Сопиште – 20 • Зелениково- 13 • Странец – 7 • Нераспределен- 15

Back to top button
Close