Денеска се регистрирани 164 нови случаи на ковид 19 – 5 починати, вкупната бројка на дијагностицирани 8786
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 4141, активни 1837
- Куманово 894, активни 226
- Дебар 172, активни 110
- Штип 510, активни 213
- Прилеп 306, активни 57
- Тетово 906, активни 295
- Струга 348, активни 169
- Велес 205, активни 30
- Битола 85, активни 41
- Охрид 229, активни 114
- Кавадарци 28, активни 17
- Гостивар 272, активни 177
- Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
- Струмица 24, активни 16
- Крива Паланка 19, активни 8
- Радовиш 15, активни 11
- Крушево 12, активни 7
- Кочани 80, активни 12
- Пробиштип 41, активни 26
- Демир Хисар 12, активни 11
- Македонски Брод 9, активни 5
- Пехчево 6, активни 1
- Берово 4, активни 1
- Валандово 6, активни 0
- Виница 4, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 9, активни 5
- Свети Николе 179, активни 164
- Кичево 94, активни 79
- Ресен 140, активни 66
- Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Жан Митрев (Филип Втори) –243, Систина со PCR метода -169, Судска медицина -35, ЦЈЗ Битола-55, КИБФС (Инфективна клиника) -106. Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 284
- Аеродром – 171
- Бутел – 139
- Гази Баба – 202
- Центар – 151
- Карпош – 146
- Сарај – 116
- Кисела Вода – 123
- Ѓорче Петров – 113
- Студеничани – 109
- Шуто Оризари – 97
- Арачиново – 32
- Илинден – 21
- Петровец – 20
- Чучер Сандево – 12
- Сопиште – 13
- Зелениково- 12
- Странец – 7
- Нераспределен- 69