Денидас: Грција ќе побара од МКС да ги истражи воените злосторства во Мариупол

– Грција ќе побара од Меѓународниот кривичен суд во Хаг да ги истражи воените злосторства извршени во Мариупол. Грција има специфичен, посебен интерес за Мариупол поради грчката заедница во градот која брои 100.000 луѓе, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

– Освен тоа, ќе ги замолам моите колеги од Алијансата да се потрудат да и помогнат на Украина да ја заштити Одеса, за Одеса да ја избегне судбината на Мариупол, додаде тој.

На новинарско прашање како колегите од НАТО можат да помогнат да се заштити Одеса, Дендиас рече – едноставно, со давање соодветни средства за заштита на градот.

– Тие веќе го побараа тоа. Бев во Одеса пред три или четири дена. Можев да разговарам со Украинците во градот. Морам да кажам, тие се подготвени и способни да го заштитат градот, под услов да им обезбедиме соодветни средства, изјави шефот на грчката дипломатија.

Back to top button
Close