Десетина граѓани се јавиле кај Народниот правобранител за повредено избирачко право

Досега на бесплатнатната телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител се јавиле десетина граѓани, кои се пожалиле дека им е повредено избирачкото право.

Народниот правобранител ќе презема итни мерки за ефективно постапување, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните.

Освен на бесплатната телефонска линија, граѓаните можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Back to top button
Close