Ковачевски: Со ВМРО на власт нашето сточле во Брисел во 2030 ќе остане празно, а тие ќе ги обвинуваат граѓаните, соседите и ЕУ

„Ја видовте изјавата на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој јасно порача и ЕУ и земјите кандидати да бидат спремни до 2030-та година за прием. Не слушајте што зборуваат од ВМРО–ДПМНЕ, дека проширување нема да се случи“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.

Тој додаде дека од опозициската партија така зборуваа и за члнеството во НАТО, па мораше СДСМ да дојде на власт за земјава да стане членка на Алијансата.

 

„Така зборуваа и за почетокот на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да ги почне преговорите со ЕУ. Ако тие дојдат до власт, 2030 година ќе ги гледате Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а нашето повторно, со ВМРО на власт, ќе остане празно“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека потоа ВМРО-ДПМНЕ за тоа ќе ги обвинува граѓаните внатре, соседите надвор, а на крај крива ќе им биде и самата ЕУ, како од 2006 до 2017 година.

Back to top button
Close