“Ќе одговараш“ и се заканил на Кацарска среде кафуле и тргнал да се пресметува

Председателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во кафуле во Скопје била цел на нова закана само три дена по инцидентот во нејзината гаража во која и беше оставен кревет и забоден кујнски нож.

Како што вечева објави тв Сител непознато лице, додека Кацарска седела во кафилето, и довикнал дека ќе одговара и тргнал физички да се пресметува но бил спречен од обезбедувањето на председателката  на Уставниот суд

Инцидентот како што од Уставен и потврдиле на телевизијата претседателката го пријавила во полиција и не сакале да откриваат повеќе детали од овој втор инцидент со пораки и закани оваа недела кон Кацарска.

Кацарска ги судеше обвинетите за упадот во парламентот во медиумите наречен Крвав четврток. За време на изборната кампања новата председателка на државата Силјановска -Давкова најави дека ќе ги амнестира осудените и дека нападот во парламентот не е тероризам за кој инволвираните беа судени туку дека тоа било учество во толпа.

Back to top button
Close