Тренчевска: Родител 1 и родител 2 постојат само во манипулативните умови на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај мене или во СДСМ

„Им порачувам на Николоски и неговите мегафони дека семејството, нашите деца и семејните вредности за мене се најсвети работи. Освен во вашите манипулативни умови, родител 1 и родител 2 не постојат кај мене, ниту во политиките на СДСМ“ рече коносителката на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јованка Тренчевска на митигот во Струмица.

Таа додаде дека Александар Николоски, кој избега од Охрид и се обраќа пред струмичани како дрво без корен ветува традиција, историја и гордост, бидејќи нема храброст да се обрати пред своите.

„Од 2017 година до денес отворивме 84 градинки и го зголемивме опфатот на децата во предучилишно образование од 25 на 48 проценти. Во 2024 и 2025 година дополнително ќе отвориме уште 20 градинки, кои се во тек на градба и се обврзуваме опфатот на деца да го зголемиме на 70 проценти“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека Владата предводена од СДСМ воведе лични и образовни асистенти, го зголеми посебниот додаток за децата со попреченост, а се воведе и детски и образоваен додаток за секое дете кои потекнува од семејство без или со ниски приходи.

Back to top button
Close