Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген

Двегодишно дете загина, а мајка му е тешко повредена кога торнадо вчера урнало дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит, Мичиген.

Детето починало на лице место, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека бебе кое било во креветче во друга соба, не е повредено и е пренесено во болница на евалуација, соопшти шефот на противпожарната служба на Ливонија, Роберт Џонсон.

Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо соборило дрво на куќа во Гајтерсбург во американската сојузна држава Мериленд.

Властите на Ливонија на веб-страницата на градот соопштија дека торнадо вчера погодило неколку населби во градот.

Националната метеоролошка служба во Детроит објави на X дека торнадо со максимална брзина од 153 километри на час ја погодило Ливонија, корнејќи дрвја и оштетувајќи некои домови.

Предупредувања за торнадо синоќа беа издадени и во американската држава Делавер

Back to top button
Close