Деведесет санкции за брзо возење на територијата на СВР Охрид

– Во текот на вчерашнот ден на подрачјето на СВР Охрид спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 90 возачи.

Од нив 18 на територија на Охрид, 42 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а 18 на територија на Дебар, соопшти МВР.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close