Девојче со Даунов синдром доби подарок кукла која личи на неа, реакцијата е непроценлива (ВИДЕО)

На профилот, „Дневна доза на насмевки на ТИКТОК“, мама Кимберли секој ден објавува снимки од нејзината ќерка Олив, во надеж дека ќе донесе малку позитивност во светот. Нејзините видеа ја покажуваат љубовта што ја носат децата со Даунов синдром и испраќаат важна порака за нормализирање на состојбата. И со над 120.000 следбеници на ТикТок, Кимберли се чини дека ја постигнува својата цел.

Родителите се одлучија на ова слатко девојче да и подарат кукла за нејзиниот 2-ри роденден, но една што личи на неа. Кога ја отвори кутијата и го виде подарокот, Олив реагираше непроценливо. Опсервер

“Куклата е совршена за нас. Таа е создадена токму онака како што требаше да биде. Ние не го гледаме Дауновиот синдром како нејзина мана. Ја гледаме само Олив”, вели Кимберли, одговарајќи на луѓе кои сметаат дека е веројатно тешко да се има дете со Даунов синдром.

Куклата подарена на ќерката е дело на Little Wonder and Co., која нуди широк избор на рачно изработени детски играчки, облека и мебел, и вклучува линија на инклузивни кукли, така што сите деца можат да се препознаат себеси во нив.

Пораката на Кимберли е: “Секоја личност со Даунов синдром е важна, суштинска и може да успее во животот со поддршка и соодветни алатки. Треба да се бориме за нив и да направиме да се чувствуваат вклучени, сакани и заштитени”.

Back to top button
Close