Девојка во Калифорнија со раце турна мечка за да спаси кучиња

– Една 17-годишна девојка од американската држава Калифорнија со голи раце турна мечка од оградата на дворот на нејзината куќа за да ги спаси своите кучиња.
На видеото, објавено од Би-Би-Си, се гледа како девојката притрчува во дворот, а кога ја видела мечката како се качила на ѕидот заедно со мечињата и ги напаѓа кучињата,   ја турнала преку оградата.
„Сè започна кога таа ги слушна кучињата како лаат во дворот и отиде да ги провери“, пренесе Би-Би-Си, додавајќи дека мечката избегала по инцидентот.
На крајот од видеото може да се види како и девојчето и кучињата бегаат, а ниту таа ниту кучињата не беа сериозно повредени во оваа прилика. 

Back to top button
Close