ДИК: Излезноста до 15 часот е 34,22%, а во првиот круг била 31%

Останува истиот тренд, односно во вториот круг имаме поголема излезеност во споредба со првиот круг, истакна на денешната прес конференција Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Тој истакна дека до 15 часот излезеноста е 34,22%, а на 17 октомври беше 31%.

Најголема излезеност имаме во Вевечани 66%, Ранковце со 60%, Конче со 58%, Демир Хисар 55%, Македонски Брод со 50%, Пробиштип со 49%…, рече Даштевски.

Тој додаде дека најмала е излезноста во Сарај од 16,38%.

 

Back to top button
Close