ДИК: СДСМ 36.78, ВМРО-ДПМНЕ 35.75, ДУИ 10.31, АА и А 8.13

Од преброени гласови од 2.277 од вкупно 3.480  гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со 35,75.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за ДПА 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Back to top button
Close