Димитров утре во Стразбур специјален говорник на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа

На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.

По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла, стои во соопштението.

Back to top button
Close