Директорка на училиште сама се назначувала за ментор на приправници, па земала 5.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од полицијата, во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата.

Со тоа се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година.

Back to top button
Close