Директорката на Клиниката во Парма каде што се лекувал Симон Крстев кој бил повреден во пожарот во Кочани денеска пристигна во Штип да го посети!

На покана од родителите на Симон Крстев, младиот штипјанец повреден во трагедијата во Кочани, денеска во Штип пристигна директорката на Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што Симон се лекуваше. За посетата информираше директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, преку својот профил.

Симон, во соработка со Цивилната заштита на Италија, на 18 март, два дена по трагичниот настан во кој во пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана лиценца, животот го загубија 62 лица од кои 6 деца, бил пренесен во Италија.

Тој бил примен со хемиска пневмонија и изгореници од втор степен. Во Италија добил сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот одел и тогаш родителите на Симон ја покануваат проф. Сузана Езпосито директорка на клиниката, да ги посети во Штип.

Денеска Проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе Проф. Сузана Езпосито во Штип. И се заблогодарив на Проф. Сузана Езпосито за се што е направено за Симон, и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија! Ова се нови пријателства изградени во тешки моменти, вели директорот на ФЗО Клековски.

По трагедијата во Кочани на 16 март вкупно 116 повредени пациенти се лекуваа во странски медицински центри. Според последните инфомрации од Министерството за здравство, во странство се лекуваат 44-ца пациенти, а двајца се уште се во потешка состојба.

Back to top button
Close