Директорот на Клиника за неврологија позитивен на Ковид 19

 

Директорот на Клиниката за неврологија, доктор Иван Барбов е позитивен на коронавирусот и во изолација. Тој за ,,Слободен печат” тврди дека се тестирал со ПЦР метода во Институтот за јавно здравје, поради контакт со повеќе позитивни пациенти кои ги прегледувал изминатите денови.

 

 

-Да не направев тест немаше да знам воопшто бидејќи немам никакви симптоми. Веќе доставив список на моите контакти но сите биле со заштита и претежно на работното место каде постојано носиме заштита, ни рече докторот.

Тој од вчера е во домашна самоизолација.

,-Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти. Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории. Почитувајте ги препораките и чувајте се- порачува тој.

Back to top button
Close