ДКСК нема информации за евентуална оставка од претседателката која не може да работи ништо – само ќе зема плата
Претседателката на ДКСК која е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот Адитив, до овој момент не ја известила ДКСК дека поднесува оставка, иако не може да работи ништо, нема пристап до предметите и службената
Забраната за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело во конкретниот случај подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Од ДКСК пак на прашањето на Инфомакс дали претседателката планира да си поднесе оставка одговорија дека до овој момент немаат таква информација.
– Ве известуваме дека Државната комисија за спречување на корупцијата нема информации за евентуална оставка од страна на претседателката.
Државната комисија за спречување на корупција, во рамки на своите законски надлежности, продолжува да функционира редовно – стои во одговорот од ДКСК