Дојави за поставени бомби во училиштата низ Македонија, и Основниот суд во Охрид

Незапочнат денот, учениците се враќаат дома. Нови дојави за бомби ги извлекоа од клупите учениците. Според информациите кои ги пренесе Телма, закани за поставени бомби преку електронска пошта добиле скопските училишта „Никола Карев“, „Лазо Ангеловски“, „Александар Македонски“ , ОУ. „Браќа Миладиновци“.

Освен во овие училишта утрово нешто пред осум часот било пријавено дека и во Основниот суд Охрид стигнала закана за поставена бомба.

Според последните препораки на МОН, во училиштата каде ќе има дојава за бомба, учениците треба во рок од еден час да се вклучат на онлајн настава.

Back to top button
Close