Добри вести за глобалната економија во 2024 година?

–  Посилниот од очекуваниот раст на БДП во 2023 година, наскоро ќе забави бидејќи заострените финансиски услови, слабиот раст на трговијата и пониската доверба на бизнисот и потрошувачите продолжуваат силно да влијаат врз глобалната економија, проценува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во својот најнов извештај за економската перспективи и анализа на главните глобални трендови и перспективи за следните две години што ги пренесува „Еуроњуз Бизнис“, ОЕЦД предвидува меко приземјување за напредните економии.

На глобално ниво, се прогнозира намалување на растот на 2,7% во 2024 година, од 2,9% оваа година, пред да се зголеми на 3% во 2025 година, поради обновувањето на растот на реалниот приход и пониските каматни стапки.

Back to top button
Close