Додека имало претрес кај братот на Палчо некој од неговиот телефон свртел на Вања
На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеа двајца полициски инспектори кои биле присутни за време на претресот кој што се случил во домот на братот на обвинетиот Љупчо Палевски- Палчо, во селото Глуво, пренесе Фокус.
Сведоците посочија дека при претресот бил одземени еден лаптоп, таблет и мобилен телефон.
На прашање на обвинителката дали инспекторот забележал дали некој од присутните во куќата токму тогаш звонел на телефонот на девојчето Вања, инспекторот рече дека тој и неговите колеги не забележале дека некој од присутните остварил телефонски повик. Претресот бил извршен на 3 декември минатата година, поточно кога беа пронајдени телата на Вања и Панче.
-Никој не вртел на телефонот на Вања. Не е забележано такво нешто од наша страна, рече сведокот, кој појасни дека телефоните на присутните во домот им биле достапни за увид.
Од дополнителните прашања од одбраната се сфати дека ваков телефонски повик бил извршен од телефонот на братот на Палевски, но сведокот неколку пати повтори дека не забележале некој да се јавува. Тој појасни дека за истата околност за време на истрагата биле повикани во Обвинителството, но и таму го кажал истото. Забележале само дека братот на Палевски свртел на адвокат.
Истите одговори ги даде и другиот полициски инспектор.
…