Додик наскоро повторно во посета на Русија


Претседателот на Република Српска Милорад Додик е еден од најголемите пријатели на Русија кој секогаш е пречекан со радост и гостопримство во Москва, Санкт Петербург и другите руски градови, а датумот на неговата нова посета наскоро ќе биде договорен, изјави рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина Игор Калабухов.

Тој рече дека во текот на последните години Додик ја посетил Русија повеќе од 20 пати и оти секоја негова посета била внимателно подготвена за да се постигнат нови договори, како и да се реализираат усогласените договори.

– Засега повторно имаме широк спектар на теми за разговор и наскоро ќе се договориме за датумот на новата посета, изјави Калабух за Срна

Back to top button
Close