Додик по рочиштето во Судот на БиХ: Продолжуваат со фарсата и политичкиот процес

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во Сараево изјави дека Судот на БиХ продолжува со фарсата и политичкиот процес против него и вршителот на должност директор на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ.

– Ова е фарса која се обидуваат да ја претворат во нешто што би можело да изгледа сериозно. Судот не докажуваше ништо и не можеше да докаже, туку блефираше, изјави Додик за новинарите по рочиштето во Судот на БиХ, каде му се суди за неизвршување на одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ.

Според него, Судот не успеал да докаже ништо во врска со „бонските“ овластувања на високиот претставник, Дејтонскиот договор и Анексот 10 од тој договор, кој се однесува на улогата на високиот претставник во цивилната примена на мировниот договор.

На денешното рочиште обвинителството сослуша двајца сведоци на обвинението. Судењето се однесува на тоа дека Додик не ги почитувал одлуките на високиот претставник, кои го обврзуваа да поништи законот што беше усвоен во Собранието на Република Српска за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close