Доктор Даниловски: Не ми е јасно зошто родителите се бунат за скринингот во училиштата

Епидемилогот проф.-д-р Драган Даниловски вели дека не му е јасен отпорот и недовербата кај дел од родителите, за постапка која е токму во полза на што поголема безбедност на нивните деца.

 

 

„Зарем прават проблем ако матичниот доктор пропише дека треба да се земе брис од нос и грло кога детето има ангина?“, прашува тој додавајќи дека ова не се брисеви што се користат за ПЦР тестови, кои се непријатни за земање. Конечно, нели сите сакаа настава во живо? Во услови на пандемија, наставата во живо бара и примена на одредени мерки на безбедност – како што се брисевите, маските, проветрувањето на училниците“, вели Даниловски во изјава за Мета.

Откако надлежните почнаа да прибираат согласности од родители на деца кои треба да бидат тестирани за ковид-19, професорот велид дека од скринингот во училиштата може да се има полза само ако се има увид во состојбата во тек на време, односно тестирањата треба да се прават еднаш неделно

 

Не е доволно да се тестира по само едно дете во одделение и ова што сега се прави би ја покажало само моменталната ситуација, смета Даниловски, кој исто така вели дека веродостојноста на антигенските тестови, кои се предвидени да се прават кај учениците, не е на високо ниво.

„Точноста им е 50 – 60 проценти. Но, кај масовни тестирања и тоа значи нешто, зашто ќе се идентификуваат 50-60 отсто од асимптоматските случаи, што е редукција на ризиците за толку проценти“, вели Даниловски и додава „и тоа е подобро отколку ништо“.

Скрининг преку репрезентативен примерок дава само увид во моменталната ситуација со раширеноста на асимптоматските инфекции. Според епидемиологот, тоа е еден вид моментален пресек на состојбата. Но, потенцира Даниловски, еднократен скрининг не е противепидемиска мерка.

Back to top button
Close