Доктор Горан Балевски: Пациент ја фати за врат и почна да ја дави 62-годишната лекарка утринава

Директорот на охридската болница доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ вели дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да ја дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години.

Инцидентот, за среќа, го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент.

Според доктор Балевски, ова не е ни прв ни последен пат здравствените работници во Охрид, а и во другите градови од внатрешноста, да преживуваат тешки напади кои најнапред почнуваат како вербални, а потоа прераснуваат и во физички.

-Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски за Слободен печат.

 

Back to top button
Close