Доктор Василевски шести ден по ред штрајкува со глад и вели дека не се откажува

Се уште не е на повидок разврска во случајот со специјализантот доктор Дарко Василевски. Тоој веќе шести ден штрајкува со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Незадоволен од исходот на последниот оглас за вработување на двајца доктори по медицина на неопределно време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија , Василевски се жалеше на дискриминација.

“Денеска е шести ден откако го почнав својот штрајк со глад. Засега е добро, иако веќе почнав да чувствувам први знаци на замор и изнемоштеност, но не толку страшно или критично. Можеби причината за тоа е и што слабо спиев. Засега и здравствено, се држам, колегите – пријатели ми прават контрола, со нив постојано сум во комуникација и засега некаква тегоба како последица од штрајукувањето досега“, вели Василевски во кусиот видео-разговор за „Фокус“ на локацијата на која се наоѓа речиси една седмица.

…

Повеќе

Back to top button
Close