Доларот на највисоко ниво во однос на еврото по 20 години


Доларот денеска достигна највисоко ниво во однос на еврото во последните 20 години.

Доларот зајакна по најавата на американската централна банка (ФЕД) за зголемување на референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени.

Доларот достигна 0,9814 за евро за прв пат од крајот на октомври 2002 година, неколку месеци по официјалното воведување на единствената европска валута.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close