Повторно отворен за сообраќај најголемиот граничен премин меѓу Ирак и Кувајт

 Најголемиот копнен граничен премин меѓу Ирак и Кувајт повторно е отворен, соопштија ирачките власти.

Граничниот премин „Абдали“ беше привремено затворен по нападот со дрон извршен во четвртокот, во кој имаше беше предизвикана материјална прета, но без човечки жртви, соопшти кувајтската армија.

Преминот „Абдали“ што се наоѓа во северниот кувајтски гувернорат Ал Џахра, е стратешки важен коридор за движење на луѓе и стоки меѓу двете земји.

Засега не е познато кој стои зад нападот со дрон.

Back to top button
Close