Долги редици на бензинските – Франција се соочува со недостиг на гориво

Секоја петта бензиска станица во Франција нема доволно гориво поради штрајкот на вработените во компанијата „Тоталенерџиз“, објави „Фигаро“, повикувајќии се на информации од Министерството за енергетска транзиција.

Проблемите со снабдувањето предизвикаа долги редици на бензинските пумпи, додека некои региони мораа и да стават ограничување колку гориво возачите може да купат и да забранат продажба и трговија на гориво во лименки.

Според податоците од Министерството, 20 отсто од бензинските станици низа земјата сега се без најмалку еден тип на гориво за автомобили, а од недостигот засега најмногу е погодена северна Франција. Околу 15 отсто од бензинските пумпи вчера објавиле недостик на гориво низ цела Франција.

Вработените во компанијата “Тоталенерџиз“ во Франција стапија во штрајк минатата недела. Синдикатите првично најавија тридневен протест барајќи зголемување на платите за 10 отсто како и индексирање на платите за 2022 година за да се усогласат со рекордната инфлација. Подоцна синдикатите прогласија неограничено продолжение на штрајкот.

Back to top button
Close