Дончиќ се збогува со Далас: Отсекогаш мислев дека цела кариера ќе ја поминам во Маверикс, сакав да му ја донесам титулата на градот
Словенечкиот кошаркар и голема НБА-ѕвезда Лука Дончиќ се прости од неговиот досегашен клуб Далас маверикс и навивачите на тимот од Тексас.
– Пред седум години дојдов овде како многу млад човек за да го остварам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Секогаш мислев дека цела кариера ќе ја поминам во Далас, навистина сакав да ја донесам шампионска титула. Никогаш не можев да сонувам за љубовта и поддршката што ми беа дадени. Го направивте Северен Тексас дом за еден млад човек од Словенија кој за прв пат беше во посета на САД. Низ добрите и лошите времиња, од повредите до финалето на НБА, вашата поддршка остана непоколеблива.
Ви благодарам не само што ја споделивте радоста со мене во нашите најдобри моменти, туку и што ме поддржувавте во тешките моменти кога ми беше најпотребно.
Започнува ново поглавје во моето кошаркарско патување. Заминувам од град кој секогаш ќе го сметам за мој втор дом. Далас е посебно место, навивачите на Маверикс се посебни.
Ви благодарам од срце, се вели во соопштението на Дончиќ.
Кошаркарот кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс по трејдот кој беше големо изненадување за кошаркарската јавност во целиот свет.