Донесен План за фискална одржливост и поддршка на економскиот развој

 Владата на денешната 109-та редовна седница го усвои Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори, и ги задолжи буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките од Планот, чија цел е фискална консолидација, насочена кон поддршка на макроекономската стабилност и забрзување и раст на националната економија.

Планираната фискална консолидација опфаќа три главни аспекти: подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата, намалување и реструктурирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање на Развоен фонд за стратешки инвестиции, информираа од Влада

Back to top button
Close