Расте бројот на повредени во земјотресот во Јапонија


Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија.

Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени лица се примени во една болница. Друга болница сега пријави околу 40 повредени, вклучувајќи десет лица во сериозна состојба, јавува НХК.

Локалните медиуми, исто така, јавија дека се повредени неколку патници кои биле во брз воз во времето на земјотресот.

Силен земјотрес денеска ја погоди југозападна Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради и избувнување пожари. ј

Back to top button
Close