Земјотрес во Јапонија: Неколку лица се водат како исчезнати во фабрика за хартија

Неколку лица се водат како исчезнати откако се урнал оџак во фабрика за хартија во префектурата Кумамото, соопшти локалната полиција.
Јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК јави дека полицијата и пожарникарите го истражуваат местото на настанот во фабриката Јацуширо на „Нипон Пејпер Индустрис“, која се наоѓа во градот Јацуширо во пошироката префектура Кумамото.
Како што пренесе Би-Би-СИ, фотографија направена од воздух од новинската агенција Ројтерс, се чини дека покажува скршен и урнат оџак.
Силен земјотрес денеска ја погоди југозападна Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради, избувнување пожари и хоспитализација на најмалку 50 лица, јави НХК.






