ДОПОЛНЕТО: Димовски од понеделник не е началник на Единицата за интервентна полиција

Примислав Димовски е сменет од началник на Единицата за интервентна полиција, пренесе Фокус.
Либертас стапи во контакт со Димовски кој ја потврди веста, но не сакаше да коментира повеќе.
Димовски беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019 година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.
Началникот на Единицата за интервентан полиција, Примислав Димовски бил прераспределен на негово барање, тврдат од Министерството за внатрешни работи во одговор за „Фокус“, по веста дека Димовски е сменет од началничкото место на оваа Единица.
-Лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, велат од МВР за „Фокус“.
Според нашите информации од МВР, Димовски сега ќе биде виш полициски советник во Единицата стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет во Бирото за јавна безбедност.






