Доживотен затвор за Николас Круз кој на Флорида во 2018 година уби 14 ученици

Американска порота денеска одби да изрече смртна казна за Николас Круз, кој застрела и уби 17 луѓе во неговото поранешно средно училиште во Флорида, и наместо тоа, одлучи – доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Поротата расправаше цел ден вчера и накратко денеска пред да одлучи дека 24-годишниот Круз треба да добие доживотен затвор за убиствата на 14 ученици и тројца членови на персоналот во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд, Флорида во февруари 2018 година.

Back to top button
Close